ЈП „Билјанини Извори“, изврши брендирање на двокатниот панорамски автобус кој  општина Охрид го доби како подарок од владата, а потоа му го предаде на користење на јавното претпријатие .

Автобусот ќе се користи за слободен превоз, за граѓаните кои сакаат да го закупат и да се возат до одредена дестинација.

Панорамскиот автобус  е произведен 2012 година. Има 60 места за седење и 20 места за стоење.  Автобусот е и со електрична погонувана рампа за инвалиди што претставува и доследна примена на законските обврски со кои се обезбедува пристапност за лицата со инвалидитет до сите објекти.

OhridNews