Екипата на Брентфорд е првиот патник на „Вембли“ за бараж натпревар за влез во англиската Премиер лигата. Во полифуналниот дуел Брентфорд беше подобар од Свонси со вкупен резултат (3-2).

Составот на Брентфорд во вториот меч со триумф 3-1 успеа да ја надополни негатита 1-0 од првиот натпревар и да се пласира во финалето.

Противник на Брентфорд на „Вембли“ ќе биде победникот од втората полуфинална двојка помеѓу Фулам – Кардиф. Реваншот се игра вечерва а првиот меч заврши во корист на Фулам со 2-0.

Баражот на „Вембли“ за пласман во Премиер лигата вреди вистинско богатство, бидејќи екипата што ќе победи од учеството во најсилното англиско друштво ќе заработи најмалку 200 милиони фунти.

OhridNews