Фудбалерите на Интер, лесно и без проблеми го решија фенерџијата на табелата во Серија А тимот на Бреша совладувајќи го 6-0 (4-0) на домашен терен во рамките од 29-та рунда од шампионатот. „Нероазурите“ рутинскиот триумф го најавија во третата минута со голот на Ешли Јанг. До крајот на првиот дел во мрежата на гостите стрелаа Алексис Санчез, Стефан де Вриј, Данило де Амбросио. Победата во вториот дел ја заокружија Кристијан Ериксен и Антонио Кандрева, кои беа петти односно шести играч во листата на стрелци.

Во истиот терми (19:30ч) со Интер играа Болоња и Каљари. Двете екипи освоија по бод откако мечот заврши без победник 1-1.

OhridNews