Актуелниот првак Вардар обезбеди пласман во финалето на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига победувајќи го Брест Мешков во полуфиналето 33-24 (16-10).

„Црвено црните“ отпорот на Брест Мешков го скршија во финишот од првиот дел кога со серија 4-0 стигнаа до највисоката предност од шест погодоци. Во второто полувреме „вардарци“ го задржаа водството и си го трасираа патот во финалето.

Во шестото финале во седмата сезона во СЕХА лигата Варда ќе ги одмери силите со подобриот од вториот полуфинален натпревар во кој ќе се сретнат Загреб – Целје.

OhridNews