Селекцијата на Македонија го претрпе првиот пораз на Европското првенств што се одржува во три земји, откако изгуби од Чешка 27-25 (9-11) во втората рунда од фазата по групи. „Црвено жолтите“, потфлрија во второто полувреме и ја прокоцкаа предноста од два погодоци обезбедена после триесет минути игра.

Македонија која има идентичен скор победа и пораз ќе мора да слави во последниот натпревар од групата против Австрија за пласман во главната фаза од ЕП.

  • Мислам дека натпреварот го загубивме на почетокот од второто полувреме кога противникот со серија 6-1 комплетно го сврте текот на настаните. Тврдам дека сме подобри од Чешка, но попладнево на бевме на своето посакувано ниво. Вакви израмнети натпревари ги решаваат детали, а овојпат тие беа во корист на противникот. Се вративме по лошиот старт на вториот дел, дадовме максимум, но за жал не успеавме да стигнеме до посакуваната победа. Нема да се предадеме, математиките на хартија се една работа, а случувањата на терен нешто сосема друго. – изјави селекторот Данило Брестовац.

Македонија средбата со Австрија ја игра во вторник со почеток во 18:15 часот.

OhridNews

 

ЕП: Едно полувреме недоволно за победа, Македонија на раб од бездната