Македонскиот селектор Данило Брестовав задоволен е од играта во одбрана на репрезентацијата, а како проблем на ЕП излегол нападот. Брестовац на средбата со медиумите ја анализираше состојбата и рече дека Македонија има сила да је победи Австрија иако е домаќин.

Пред почетокот на ЕП стравував за играта во одбрана. Останавме и без Велко Маркоски кој ни е столб, но нападот излезе како проблем а не одбраната. Одбраната беше на ниво на двата претходни натпревари, што не е случај со нападот. Во напад промашувавме зицери и шутеви од надвор, изгубивме многу топки и немавме храброст во одредени моменти. Поразот е минато, ние комплетно сме насочени кон Австрија. Подготовките се направени, останува да анализираме низ видео снимка и да се одмориме пред утрешниот дуел. Австрија за разлика од Чешка има два топ играчи кои во секој момент можат да направат проблем. Ќе пробаме со одбрана да ги минимизираме нивните шутеви и да стигнуваме до лесни голови. – изјави селекторот.

Македонската ракометна селекција има неколку опции за пласман во главната фаза, но најмногу и одговара победа со два или повеќе голови разлика. Натпреварот се игра утре со почеток во 18 часот и 30 минути.

OhridNews

 

OhridNews во Виена: Кои комбинации и одговараат на Македонија?