Ракометната репрезентацијата на Македонија, утре против селекцијата на Австрија го игра одлучувачкиот натпревар на Европското првенство. Победа е најдобра опција за Македонија, реми и одговара само во еден тек на настаните, додека пораз значи збогум и пакување од ЕП.

Во случај на ист број на бодови одлучува меѓусебниот дуел. Во случај на ист број на бодови и реми во меѓусебниот дуел одлучува гол разликата. Во случај три селекции да имаат ист број на бодови се прави мини табела без бодовите и головите од четвртата селекција во групата. Во нашата група, може ждрепката да одлучува за патникот во следната фаза бидејќи можат три селекции да имаат ист број на бодови и голови во мини табелата.

На Македонија најмногу и одговара триумф со два погодоци без разлика колку голови ќе се постигнат на натпреварот. Ако „црвено жолтите“ победат со еден погодок разлика мора да постигнат најмалку 31 погодок. Во опција се и други победи, но со гореспоменатите се најдобра опција. Во продолжението ви ги преставуваме сите опции кои ја водат на Македонија во главната фаза.

Опциите за Македонија:

Победа над Австрија со најмалку два погодоци разлика

Победа над Австрија со еден погодок и постигнати 31 или повеќе голови

Победа над Австрија 31-30, а Чешка да не ја победи Украина со повеќе од еден погодок разлика

Победа над Австрија 31-30, а Чешка да ја победи Украина 26-25. Потоа ќе се одлучува со ждрепка

Победа над Австрија и Чешка да изгуби од Украина

Реми со Австрија, а Чешка да изгуби од Украина

OhridNews