Македонската ракометна репрезентација освои три бодови од двомечот со Исланд во квалификациите за Европското првенство следната година. „Црвено жолтите“ славеа во Рејкавик, а во Скопје одиграа нерешено и од пол позицијата ќе ги пречекаат последните два натпревари во фазата по групи.

  • Трите бодови ме прават многу среќен. Пред дуелите со Исланд бевме во тешка ситуација и под знак прашалник беше второто место, но сега се` е во наши раце. Ни требаат добри натпревари против Турција и Грција за осигурување на првото место во групата. Од мечот во Скопје има да извлечеме позитивни и негативни работи. Позитивните се, карактерот на селекција која се врати од негатива во завршните минути и менталната стабилност, што мене искрено ме радува. – изјави селекторот Данило Брестовац.

Во јуни, Македонија прво гостува во Турција, а квалификациите ги завршува со натпревар против Грција на домашен терен.

OhridNews

Драматично реми, Исланд се извлече од пораз во „Борис Трајковски“