Репрезентациите на Македонија и Исланд ги поделија бодовите ремизирајќи 24-24 (10-11) во четвртата рунда од квалификациите за пласман на Европското првенство следната година.

Средбата на двете најквалитетни селекции во групата, понуди нова драма, а овој пат посреќна излезе гостинската селекција која со гол во последниот напад обезбеди егал. „

Во текот на мечот водството се менуваше и двете репрезентации имаа свои минути. Исланд го доби првиот дел со 11-10 иако нашата селекција имаше водство 10-8. Слично беше и во второто полувреме, но се сменаа улогите. Исланд водеше 18-15, а македонските ракометари со серија од 5-0 дојдоа до 20-18.

До крајот Исланд со мини серија стигна и до водство 23-22, а Македонија возврати за водство 24-23. Во последниот напад имаа шанса за победа, но на плус еден (24-23) не реализираа и му оставија шанса за надеж на ракометарите од Исланд, која ја искористија и освоија бод во Скопје.

Македонија останува лидер во групата 3 со бод повеќе од Исланд. Избраниците на Данило Брестовац во последните два натпревари од квалификациите ќе се сретнат со Турција во гости и со Грција на домашен терен.

OhridNews
Фото: Гол.мк