Судијата со знакот на ФИФА, Феликс Брих го очекува долга суспензија од фудбалските натпревари поради „фантомскиот“ погодок, а вторник ќе го води мечот меѓу Милан и Барселона во Лигата на Шампиони.
39-годишниот Брих на мечот Хофенхајм – Леверкузен од Бундес лигата призна погодок иако топката од надворешниот дел од мрежата влезе во голот.
Тоа наиде на многу критики особено кај германската јавност, а тимот на Хофенхајм, кој беше оштетен поднесе жалба за преигрување на мечот.
Мх.П.