Во Македонија 51 отсто од граѓаните во текот на 2015-та се чуствувале среќни, додека 34 проценти, се надеваат дека 2016-та ќе биде подобра од 2015-та, покажала глобалната студија на Брима Галуп насловена „Крајот на годината, барометар на надеж и среќа“.
Во Република Македонија 51 отсто од испитаниците изјавиле дека се чувствуваат среќни, 11 проценти несреќни и 35 отсто ниту среќни ниту несреќни, а 2 отсто немаат одговор. Индексот на нето среќа во Македонија изнесува +40 отсто и е понизок за 16 проценти од глобалниот просек.
Во регионот како и во Македонија нето среќата е со позитивен предзнак но во целиот регион е пониска од глобалниот просек. Повисок е резултатот на нето среќата во Косово (+49 отсто) од Македонија и Словенија (+48 процнети). Практично скоро еднаков е со Босна и Херцеговина (+41 отсто) и Србија (+43 отсто) а скорот на нето среќата е значително понизок во Бугарија (+30 проценти) многу понизок во Грција (+9 проценти) отколку во Македонија.
По прашањето „Што се однесува до Вас, дали сметате дека 2016 година ќе биде подобра или полоша од 2015 година”, во Македонија 34 отсто од испитаниците се со надеж дека 2016-ти ќе биде подобра наспроти 25 проценти кои го сметаат дека ќе биде полоша и 36% дека ќе биде иста а 5 отст немаат одреден одговор. Индексот на нето надеж во Македонија изнесува +9 проценти и е помал за 29 отсто од глобалниот просек.
Во регионот нето скорот на надежта дека 2016-та година ќе биде подобра од 2015-та е со позитивен предзнак освен во Македонија и на Косово (+24 проценти) а во сите останати земји од регионот е со негативен предзнак: Грција (-28 отсто), Босна и Херцеговина (-23 проценти), Словенија (-6 отсто), Србија (-3 проценти) и Бугарија (-1 процент).
Во однос на економскиот просперитет во 2016-та година, 30 отсто од граѓаните на Македонија сметаат дека ќе се влоши, 25 отсто дека ќе се подобри, 38 проценти сметаат дека ќе остане непроменет а 7 отсто немаат одреден одговор. Индексот на нето економски оптимизам во Македонија е со негативен предзнак и изнесува -5 отсто. И во однос на глобалниот просек апсолутната разлика износува 28 проценти.
Во регионот само во Косово нето скорот на економскиот оптимизам е со позитивен предзнак (+12 отсто) а во сите останати земји како и во Македонија е со негативен предзнак и тоа : Грција (-65 отсто), Босна и Херцеговина (-34 отсто), Србија (- 17 проценти) и во Словенија и Бугарија со по (-11 проценти).
OhridNews
Извор:„Макфакс“