Со цел да им се излезе во пресрет на родителите кои ги запишуваат своите деца во охридските детски градинки, деновиве земање брис од грло и нос се врши во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
Земањето брис во централниот објект на градинката, освен денес, ќе се врши и утре после 09:30 часот. Родителите со себе треба да понесат упат од матичен лекар, сини картони или електронска здравствена картичка, здравствена книшка, име, презиме и матичен број на осигуреникот и 80 денари за услугата.
Во објектот „Развигорче“ брис ќе се зема на 25-ти и 26-ти овој месец, „Билјана“ и „Росица“ на 27-ми, а на 1-ви и 2-ри септември во објектот „Лихнида“.
Инаку, носењето брис претставува законска обврска како задолжителен документ за здравствената состојба на децата.
OhridNews