Еден среќен добитник во Велика Британија освои џек пот на лотаријата „Јуромилионс“ и влезе во Новата година побогат за 39 милиони фунти.

Уште десет играчи освоија по еден милион фунти во специјалното новогодишно извлекување, изјави претставникот на Националната лотарија, Енди Картер.

Колку прекрасен почеток на 2021 година за играчите на лотаријата „Јуромилионс“ во Обединетото Кралство, истакна Картер.

Добитната комбинација ја сочинуваат броевите 16, 28, 32, 44 и 48, како и т.н. „среќни ѕвезди“ 1 и 9.

OhridNews