Британскиот министер за одбрана Филип Хамоф, изјави дека Лондон нема да учествува во каква и да е воена интервенција во Сирија. Хамонд посочил дека употребата на сила против сириските власти како одговор на сѐ уште официјално непотврдениот хемиски напад од 21-ви август во близина на Дамаск, сепак мора да се случи, и покрај откажувањето на Лондон, пренесува Ројтерс.

Шефот на британското министерство за одбрана го објави соопштението откако ноќта кон петокот со гласање во Долниот дом, пратениците го отфрлија предлогот на владата на Дејвид Камерон за воена операција во Сирија.

Отфрлањето на британскиот парламент, коешто повеќе имаше советодавен карактер, за начелното одобрување на акција, е подложно на уште едно гласање, но ги покажува јасните поделби меѓи западните партнери во врска со евентуален воен одговор на Сирија, и претставува уште еден неуспех во напорите на американскиот претседател Барак Обама да изгради коалиција за операцијата.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, веднаш по гласањето на пратениците кои за неговиот предлог се изјаснија со 285 гласови „против” и 272 „за”, изјави дека е јасно дека парламентот не сака воен напад врз Сирија за да се казни за употребата на хемиско оружје, како и дека ќе постапува во согласност со исходот од гласањето и нема да дејствува спроти волјата на законодавниот дом.

OhridNews

Makfaks