Британската студентка, Аланда Катленд загина кога падна од авион за време на студентско патување во Мадагаскар. Полицијата соопшти дека таа испаднала од авионот 10 минути по полетувањето, кога леталото било над 1.000 метри височина.

Како што наведе „Индепендент“, локалната полиција истражува дали студентката од „Кембриџ“ самата ја отворила вратата и скокнала од авионот.

Според нивните наводи, пилотот и другите патници од леталото се обиделе да ја вратат девојката во авионот дрејќи ја за ногата, но не успеале.

Нејзиното тело уште не е пронајдено.