ИКТ, двигател на демократијата и транспарентноста е темата на дводневната конференција е-Демократија која денес по трет пат започна во хотелот Инекс Горица.

Во организација на Некстсенс, заедно со Центарот за развој на е-Влада од Љубљана, Словенија, конференцијата на едно место ги собра најголемите регионални експерти од областа на електронската демократија и електронското владеење.

Со свое воведно обраќање, конференцијата ја отворија британскиот амбасадор во Република Македонија, Кристофер Ивон, Марта Арсовска Томовска, заменик министер за Информатичко Општество и Администрација во Владата на Република Македонија и директорот на Националниот Демократски Институт за Македонија.

Преку панел сесии беа опфатени најактуелните теми од областа на електронската демократија и улогата на информатичката технологија во јакнењето на демократијата и транспарентноста на јавните институции: Следење и усогласување со промените во законската регулатива, Развој на ИКТ стратегија за поголема транспарентност и Систем за централно управување со политики и програми.

Учество во конференцијата заземаа претставници од Парламенти, Влади, Службени весници, Невладини организации.

OhridNews