Корисниците на јавен превоз во Британија трошат и до 18 години од животот патувајќи на работа и назад. Но тие кои што возат во Британија поминуваат околу 5 години од животот во своите автомобили. Овие бројки се зголемуваат во Лондон, каде сообраќајниот хаос е поголем.
Поради зачестените доцнења, шефовите се повеќе им дозволуваат на вработените да работат од дома. Се проценува дека доцнењата на работа британската економија ја чинат 30 милијарди евра. Анализите покажале дека едно од решенијата за проблемот е да се промени рутата или терминот на патувањето.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com