Во чест на одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска положија свежо цвеќе и оддадоа почит на споменикот на светите браќа Кирил и Методиј на градскиот плоштад во Охрид.

На настанот организиран со високи државни почести, цвеќе положија и официјални делегации од Кабинетот на претседателот на државата, Собранието, делегација на Армијата, на Сојузот на борците од НОАВМ, на дипломатскиот кор, претставници на политички партии и други институции.

Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј свечено го одбележува и градот Охрид, со што им оддаваме чест за нивната непроценлива хуманистичка и просветителска мисија.

OhridNews