Во 2024 година бројот на умрените лица од насилна смрт е зголемен за 24.0 % во однос на претходната година и изнесува 511 умрени лица. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.5 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДСЗ).

Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2024 година поголемо учество имаат машките лица, и тоа 68.1 %. Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи, кои учествуваат со 78.5 %, самоубиствата со 17.4 % и убиствата со 4.1 %, се посочува во извештајот на ДСЗ.

Во категоријата несреќни случаи, најголемо учество имаат умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда со учество од 38.0 % во вкупниот број на случаи од насилна смрт.

Во категоријата самоубиства, најголемо учество имаат случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација со учество од 8.8 % во вкупниот број случаи од насилна смрт. Во категоријата убиства, случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје имаат најголемо учество со 1.6 % во вкупниот број случаи од насилна смрт, се додава во извештајот.

OhridNews