Викендов, на малиот плоштад кај ТЦ Амам, се одржа 17-то издание на фестивалот на новосоздадени композиции „Канео Фест“. На фестивалот беа претставени 24 натпреварувачки композиции, од изведувачи од речиси сите градови од Македонија, а свој настап имаше и охридската група „Камелеон“ и доајенот на македонската народна песна, Наум Бурназ.

Гран при во поп делот освои Валентина Ѓорѓиеска-Парго за песната „Тајна љубов“, а во фолк делот Алексо Тришоски со песната „Македонец да си“.

Фестивалот беше поддржан од Општина Охрид.

Наградите беа доделени по пат на гласање на стручната жири комисија и публиката.

Во фолк делот на 17-то издание на фестивалот „Канео Фест“ наградени беа: награда од жири доби Петар Нечовски за песната „Фанче,Фанче лично охриѓанче“, награда од жири за „Амбасадор бенд“ и песната „Снот ти се жени мајко“, како и Маја и Ружица Герасимоски за „Дали думнаш сестро“.

 

Прва награда од публиката за Горан Симески и песната „Лично моме”, втора награда од публика за Маја Ќировска „Станвај ќерко“ и трета награда од публика за Славица Стевовска „Чочек чифтек“. Најдобар текст Здравко Кузески за песната „Чочек Чифтек“. Најдобар сценски настап Драганче Митрески „Нема прави мажи“. Најдобар аранжман Дејан Митровски за песната „Синот ти се жени мајко“ која ја изведоја Амбасадор бенд.

Во поп делот наградени беа: прва награда од жири Љупчо Јошевски „На срце ми остави потпис“, втора награда од жири комисијата за Божидар Николовски „Да си моја “ и трета за Петар Нечовски -Бакнувај ме-израдувај ме.

Прва награда од публика Славчо Спироски Слав за „Времето мине-останува спомен“, втора Дејан Добревски – „Бз тебе јас сум нула“ и трета од публика за Ице Панов -“Буби“.

Најдобар аранжман Мими Марковски за песната „да си моја“ која ја изведе Божидар Николовски. Најдобар текст на Цане Трајчевски -„На срце ми остави потпис“, која ја изведе Љупчо Јошевски.

OhridNews