На 43-тата Школа на млади физичари организирана од страна на Друштвото на физичари на Македонија, што се одржа во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, учениците од ОУ„Христо Узунов“-Охрид, под менторство на наставничката Вера Зороска, покажаа исклучителни резултати во натпреварите и презентациите на експерименти:

9 одд.
I награда
Горазд Блажески
Емилија Димоска

II награда
Мартин Јузмески
Христијан Кочоски

III награда
Кристина Трајчевска
Тамара Стојановска
Теона Митаноска

8 oдд.
II награда
Филип Иваноски
Михаил Алексоски
Наум Стојаноски

III награда
Марија Зороска
Наталија Танеска
Филип Блажески
Виктор Маркоски

-Прекрасна е глетката на раздвижени и возбудени ученици кои со нетрпение ја очекуваат презентацијата на својот обид или изработка, на чија идеја, реализација и опис работеле речиси еден месец. Не може да се остане рамнодушен на аплаузот кој го прати доделувањето на секоја награда во полниот амфитеатар… Особено е задоволството од предизвиканиот интерес за изучување на природата од толкав број ученици кои „утре“ ќе бидат инженери, програмери, доктори, природници… Во овие, и вакви моменти, наставникот може да ја почувствува благородноста на својата професија. – вели наставничката Вера Зороска.

OhridNews