Голем број психијатри и други професионалци од полето на менталното здравје од регионот и светот, учествуваат на 6-от Македоснки Психијатриски конгрес што деновиве се одржув а во Охрид.

На отварањето на конгресот се обрати заменик градоначалникот Константин Георгиески кој истакна дека живееме во време кое е исполнето со драматично брз технички и технолошки развој, кој сигурно се рефлектира и врз менталното здравје на луѓето што бара токму од медицината и посебно психијатријата, да одговори на потребите на современиот човек.

  • Верувам дека во наредните три дена, вашите нови сознанија и размената на искуства, ќе придонесат за појасна визија за менталното здравје во 21 век и за насоката кон кој треба да се движи човештвото за да имаме здрави генерации и извесна иднина, рече Георгиески.

Присутните во наредните денови ќе дискутираат и разменат искуства и знаењата во врска со предизвиците пред кои е исправена психијатријата и менталното здравје на почетокот на 21-иот век.

OhridNews