Домаќин на овогодинешното одбележување на 21-ви јуни, Денот на Охридското езеро е градот Охрид. По тој повод денес со почеток во 12 часот, на градското пристаниште, ќе се одржат бројни активности.
Пред присутните граѓани ќе се обратат градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, првиот човек на Поградец, Едуард Капри и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
Во рамки на културно уметничката програма ќе настапат најмладите од охридската градинка, ученици од ОУ Братство Единство со мултиетнички сплет, охридската група Везилка, КУД Ѓердан, а ќе се одржи и изложба на подводни фотографии од Нуркачкиот центар Акватек. Присутните ќе имаат можност да видат нуркачка опрема, опрема за спасување на вода и планини од општинскиот Црвен крст.
Манифестацијата ќе заврши со дефиле на едриличарските, клубовите за кајаци и други клубови за спорт на вода.
OhridNews












