Од ден на ден расте бројот на починати од коронавирусот во Кина, каде се наоѓа и жаришето од каде тргна новата епидемија која за кратко време се претвори во глобална закана. Само вчера во провинцијата  Хубеи починале 86 лица, со што според информциите на кинеските здравствени институции, бројот на починати од коронавирусот во таа земја се искачил на 722, а 34.546 лица се заболени.

На последиците од вирусот кој се шири со голема брзина, уште во декември предупредил 34-годишниот  офталмолог Ли Венлианг, кој се заразил при третман на пациент. Иако тој ги алармирал надлежните и вработените во здравството, кинеските власти го игнорирале проблемот, што предизвика револт во тамошната јавност.

OhridNews