Се зголемува смртниот биланс од вчерашниот напад извршен од воздух врз телевизиска кула во областа Ривне, во северна Украина.

За жал, мораме да кажеме дека бројот на жртвите е поголем. Урнатините се уште се расчистуваат, а до 08:30 утринава имаме 19 загинати и деветмина повредени, изјави началникот на воената управа во Ривне, Виталиј Ковал.

Според него, бројката се уште не е конечна. Сепак, тој очекува за неколку часа да завршат работите за отстранување на шут.

Како што беше претходно соопштено, утрото на 14 март, два руски проектили ја погодија ТВ кулата и административната зграда во близина на Ривне.

OhridNews