Расте бројот на жртвите по силниот земјотрес и цунами што вчера го погоди индонезискиот остров Суновези.

Властите денеска соопштија дека бројот на жртвите се искачил на 384. Најголемиот дел од нив загинале на плажа од силните цунами бранови високи до 6 метри. На плажите имало стотици луѓе кои се подготвувале да одбележат локален празник, јавуваат светските агенции.

Утрово се регистрирани силни афтер шокови по вчерашниот земјотрес од 7.5 степени според Рихтер кој предизвика цунами.

OhridNews