Здравствените власти уверуваат дека има доволно слободни болнички кревети за пациенти заразени со Ковид-19 и оти за секој од нив се прави се што е потребно. Сметаат дека засега нема потреба од карантини и воведување полициски час и очекуваат да има резултати од воведените мерки.
Заклучно со синоќешната статистика на Министерството за здравство, во Охрид се активни 410 случаи, а вчера беа регистрирани 43 случаи. Во државава се активни 15 116 случаи на заразени со вирусот, а само вчера беа регистрирани 947 нови случаи.
Во сите болници во државата, освен во Струмица и во Куманово, има слободни болнички кревети. Станува збор не само за инфективните, туку и за интерните одделенија кои сега се целосно наменети за третман на ковид пациенти со соодветен распоред на лекари, изјави вчера министерот Венко Филипче.

Во тој случај постои план Б кој предвидува специјализираната болница за кардиологија и останатите болници во градот да ги примаат болните со Ковид 19. – рече д-р Балевски.

Од друга страна, властите сместаат дека засега нема потреба од воведување полициски час, рестриктивните мерки што се досега донесени се доволни, и ако се почитуваат ќе дадат резулат во следниот период. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките, особено забраната за групирање на јавен простор која со завчерашната одлука на Владата е продолжена во текот на целиот ден, наместо како досега од 21 часот.
Oд почетокот на пандемијата во Охрид се регистрирани 1002 случаи со Ковид 19, а починале 36 лица.
Г.М.











