Бројот на жртвите во силниот земјотрес со јачина од 6.8 степени што ја погоди Турција, се искачи на 35 лица. Околу 45 жители се извлечени живи од под урнатините, а сеуште има лица кои се заглавени и на чие спасување работат спасувачките тимови и по изминати повеќе од 36 часа од најсилниот потрес. Според најновите информации, во земјотресот се повредени повеќе од 1600 луѓе.

По силниот потрес со јачина од 6.8 степени што ги погоди Турција и околината, следуваа повеќе од 700 послаби земјотреси.

OhridNews

фото:EPA