Бројот на жртвите од земјотресот во југозападниот дел на јапонскиот остров Хоншу, што се случи околу 8 часот по локално време, надмина 300 луѓе, а предизвикал прекин на електричната енергија и водоснабдувањето, како и голема материјална штета.

Според националната метеоролошка служба, земјотресот бил со јачина од 6,1 степени по Рихтер.

Ова е најсилниот земјотрес што го погодил овој дел на Јапонија од 1923 година. Поради земјотресот, привремено се затворени аеродромите „Кансаи“ и „Кобе“. Властите јавија дека нуклеарните реактори во регионот не се оштетени и дека нема опасност од цунами.

OhridNews