Дел од градското пристаниште извесно време е оштетено. Граѓаните и бродарите бараат да се изврши санација, за да не дојде до постепено зголемување на штетата како последица на големи бранови.

Неофицијално, од страна на Капетанија на пристаништа Охрид до локалната самоуправа, пред околу два месеца, било испратено барање до локалната самоуправа за избор на фирма која ќе ја изврши санацијата на пристаништето, но сеуште не добиле одговор. Поради тоа, бродарите се организираат со сопствени средства да ги извршат поправките.

Охриѓани веќе подолго време бараат и реконструкција на градскиот кеј на кој се видливи бројни оштетувања. Од страна на минатата локална власт беше изготвен проект, кој  не доби „зелено светло“ поради немањето водостопанска согласност и опасност за деградација на Охридското езеро,  бидејќи со него било предвидено дел од патеката на кејот да биде поставена на колци кои ќе се во езерото.

Од актуелната локална власт информираат дека интензивно се работи на истиот проект со кој ќе се аплицира за добивање средства од европските фондови. Поточно се работи на правење корекции и отстранување на одредени пропусти со цел што поскоро да се добие грант за оваа намена преку ИПА фондовите.

OhridNews