По повод празникот Свети Наум Охридски Чудотворец, утревечер, 2 јули, бродот Александрија воведува специјална линија и по симболична цена ќе врши превоз до манастирскиот комплекс Св. Наум.

Бродот од градското пристаниште ќе поаѓа во 19 часот, а кон Охрид од Св. Наум во 23 часот.

Цената на повратниот билет ќе изнесува 250 денари.

OhridNews