За време на одржување на рекреативниот риболов со блинкер на Охридското Езеро, денес и утре, за здравјето на спортските риболовци ќе се грижи тим на Црвениот крст кој ќе патролира со бродот амбуланта.

Тимот спасители и лекари на Црвениот крст е специјално обучен за укажување прва помош, со што се подига безбедноста на учесниците во рекреативниот риболов, информираат од „Пастрмка 2012“, концесионер на Охридското Езеро.
OhridNews