Бродот “Чан“ на бизнисменот и сопственик на А1 телевизија, Велија Рамковски, сеуште нема дозвола за пловидба, велат од охридската капетанија. Оттаму тврдат дека тој брод не плови по езерото, но било можно граѓаните, па и новинарите да го замениле со друг сличен на него кој има дозвола за пловидба.

„Доколку ние го затекнеме како плови ќе преземеме соодветни мерки и санкции“, им изјави на новинарите капетанот Љупчо Настоски.


Не му тргна уште од спуштањето во езеро – бродот “Чан“

Рамковски бродот го купил од охридската компанија АМАК СП во  мај 2007 година, но поради непотполна документација  охридската Капетанија  не го регистрирала.

Охридскиот основен суд минатата година донесе  времена мерка  забрана за отуѓување на бродот „Џан“,поради  нерешени сопственички односи. Времената мерка била изречена поради основано сомнение дека спорниот брод всушност е бродот 1 Мај кој на непознат начин бил оттуѓен од  ЈП Охридски Комуналец. Оттаму пред две години преку Министерството за транспорт и врски, односно охридската капетанија и полицијата го актуелизирале случајот кој заврши пред охридскиот суд.

Ohridnews