Локалната самоуправа треба да набави специјална машина за чистење на тињата од дното на Охридското Езеро, смета Државниот секретар на Министерството за заштита на живорната средина Соња Лепиткова.

-Локалните самоуправи треба малку да понесат одговорност и да набават механизација  за чистење на езерото. Тоа не се скапи машини, чинат до 120 илјади евра, така што доколку општината сака да развива туризам треба да направи напор за набавка на таква механизација.-изјави Лепиткова.

Таа посочи дека државата може да помогне да се набави специјална машина за чистење на тињата, но иницијативата треба да биде на Локалната самоуправа.

– Министерството може да помогне, имавме и еден проект за тоа, но не е наше да го чистиме езерото.-додаде Лепиткова.

Сепак таа не ја исклучува можноста доколку општините не покажат интерес, Минитерството да набави специјална машина за чистење на тиња што би ги опслужувала сите водни ресурси во земјата.


Во недостиг на специјална машина, талогот се’ уште се чисти со багери

Градоначалникот на Охрид деновиве изјави дека тињата во каналот Студенчишта не е исчистена веќе 40 години, што го намалува капацитетот на каналот, што пак има негативни последици врз живиот свет кој живее тука.

Тој потсети дека пред четири децении на Охридското Езеро постоел брод „Херој“ со кој се чистел талогот од крајбрежјето и дека државата треба да размисли за купување на ваков брод, кој ќе може да се користи и за чистење на талогот во сите езера и други водни ресурси.

За разлика од заменик министерката, градоначаникот на Охрид смета дека набавката на специјален брод за чистење на тињата чини многу поскапо, односно околу 5 милиони евра.

OhridNews