И годинава Охрид ќе биде прекрасно украсен за претстојните празници. Покрај центарот на градот каде деновиве треба да биде поставена новогодишната елка се китат и улиците и малите плоштади во внатрешноста на градот, а празничниот амбиент го надополнуваат и убаво аранжираните излози на дуќаните.














