Сопствениците на бродовите задоволно најавија дека поаѓањето на бродовите ќе биде проследено со музика и мала забава. Тие информираат дека добиените сертификати за пловидба се со рок на важење од три години, со обврска по истекот на година и половина да се изврши преглед на бродовите.
Добивањето на сертификатите следува по неодамнешната извршена техничка контрола врз овие два брода од страна на осигурителната компанија „Биро Веритас“. Поради забраната за пловидба издадена од Министерството за транспорт бродовите од месец јули, минатата година, беа закотвени на охридското пристаниште.