Тренерот на Барселона, Хозеп “пеп“ Гвардиола после завршувањето на сезоната ќе го напушти кормилото на “блауграната“ и ќе му го препушти на неговиот помошник Тито Виланова. Но, Гвардиола кој е дете на познатата школа “Ла Масија“ остаде белег, во Барселона кој долго, долго ќе се памети.

Гвардиола, Меси, Чави, Иниеста, Виља и останатите ги предводеше на 242 натпревари, забележа 175 победи и претрпе само 21 пораз со импозанта гол разлика 618 постигнат и 178 примени погодоци. Во четиригодишната одисеја на тренерската клупа, Гвардиола освои се` што можеше а во 16 натпреварување во колку се “такмичела“ неговата екипа, 13 пати се качувала на тронот.

Со доаѓањето на Пеп на клупата, одма дојде револуцијата во составот. Излезната врата му ја покажа на Роналдињо и Замброта, а од “Ла Масија“ ги доведе Бускетц, Педро и Џефрен, фудбалери кои подоцна ќе го дадат својот придонес во освојувањето на титулите.

Најдобар производ на Гвардиола, секако е чудото од дете Лионел Меси. Аргентинецот во ерата на Пеп, освен 13-те трофеи освои и три златни топки и бројни, бројни индивудални награди.

Гвардиола на најдобар можен начин може да се опрости од фановите, фудбалерите на Барселона. “Блауграната“ во финалето од “Копа дел реј“ ќе се сретне со  Атлетик Билбао и на Меси, Чави, Иниеста, Виља, Пујол да им донесе уште трофеј со кој ќе стигне до 14-от во тренерската кариера во Барселона. .

Мх.П.