Со бројни активности ќе се одбележува 8- ми мај, Денот на раѓањето на големиот хуманист и основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст, Анри Динан и Светскиот ден на Црвениот крст и црвената полумесечина. 

Утре, со почеток во 11 часот, ќе се оддржи ИНФО ДЕН – прием во седиШтето на Црвен крст Охрид, при што заинтересираните ќе имаат можност преку промотивни материјали и презентации од страна на волонтерите да се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст и неговите активности.

На 12-ти мај, (сабота), во 10 часот на платото помеЃу обложувалницата „Премиер“ и ТЦ Амам предвидено е да се оддржи и голема крводарителска акција.

Активностите ќе се одвиваат под мотото „Младите се на потег“.

ОhridNews