Во пресрет на нашиот голем Државен празник Илинден, празник преку кој се согледува борбата и истрајноста за Македонија, празник во кој се чествуваат сите Илинденци-борци за слободна Македонија и нивното дело за достигнување  на слобода и рамноправност, од срце го славиме и чествуваме овој голем ден како сведоци на нивното дело, се наведува во честитката до граѓаните од општинската ВМРО- ДПМНЕ.

–    2 Август  Денот на Републиката и денот на Второто заседание на АСНОМ длабоко е врежан во нашата историја преку која се сеќаваме на борбите за идеалите слобода и еднаквост, идеали кои ги живееме во сегашноста а должни сме да  ги пренесеме на идните поколенија, додаваат од ВМРО- ДПМНЕ.

Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, потенцира дека празнувањето на 2 ри Август , ИЛИНДЕН Денот на Републиката и обележувањето на Второто заседание на АСНОМ преставува најголема почест која може да им се оддаде на сите борци од Илинденци до Борците во НОБ за нивното достигнување – идеалите за слобода и еднаквост.

– Денес сите ние сме должници и чувари на нивното достигнување и како такви Вечно ќе го чествуваме овој голем Државен празник.Честа е уште поголема со тоа што територијата на Општина Дебрца била една од најактивните во борбата за денешната слобода.Оттука во континуитет се продолжува со чување на светите идеали наследени од нашите претци, се наведува во честитката од градоначалникот Трајкоски.

На граѓаните празникот им го честитаат и од СВР- Охрид од каде потенцираат дека како служба и понатаму, крајно професионално и неуморно ќе продолжат во заштитата и унапредувањето на човековите слободи и права, во сузбивањето на сите видови криминалитет, и градењето концепт на блискост со граѓаните, максимално посветувајки се на заштитата на вистинските вредности на нашето општество.

–    Посветени сме кон изградба на демократско општество на рамноправни граѓани, градиме стабилен безбедносен систем кој успешно ке се справува со новите безбедносни предизвици, и кој ке ја зацврсти Република Македонија како модерна, безбедна и Европска  држава, се наведува во испратената честитка од СВР- Охрид.

OhridNews