Учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ се вратија со бројни освоени награди од неодамна одржаниот петти по ред Меѓународен натпревар на средни угостителски училишта Сараево.


Во делот на презентација на туристичка дестинација, златниот медал го понесе Милчо Кироски. Во сферата на припремање на ладно јадење како експонат, со сребрен медал се закити Фатмир Каја, бронзениот медал за припремање јадење  од пилешко филе и припадна на Виолета Богоеска.


Антонио Нанески го освои сребрениот медал во рамките на натпреварот за поставување и аранжирање на изложбена маса. Сребрени медали освоија и учениците Дашнор Капланоски и Моника Љуманоска во натпреварот за припремање на барски мешавини и припремање на слатко јадење како експонат.

OhridNews