По повод  Меѓународниот ден на таткото,  во организација на ЖЦ „Бисера“, а во соработка со основните училишта од градот, во ОУ „Григор Прличев“ се оддржа пригодна свеченост.

Освен музичко- сценската програма, на свеченоста беа доделени и наградите по  распишаниот конкурс за литературни и ликовни детски творби на тема ,,Татко” .

На конкурсот пристигнаа многу ликовни и поетски творби. Во чии раце ќе отидат наградите одлучуваше жири комисија во состав: Јованка Љаткова, Соња Војдиноска и Љубица Чифлигароска.

Како најдобри од одделенска настава избрани се литературните творби на прво наградената Јованоска Анастасије од ОУ „ХристоУзунов“, второнаграден е Николов Бобан ОУ „Братство Единство“ и третата награда отиде во рацете на ученичката Ана Мари Крстеска од ОУ „Кочо Рацин“.

Од предметна настава, прва награда освои Емилија Банкоска од ОУ „Христо Узунов“, втора награда- Теодора Донеска од ОУ „Григор Прличев“ и трета награда- Нубира Ајдиноска од ОУ „Братство и Единство“.

Од одделенска настава, за најдобри ликовни творби, наградени се: Климент Ставрески од ОУ „Кочо Рацин“- прва награда, Александра Стевоска од ОУ „Кочо Рацин- втора награда и Стефанија Ристеска од ОУ „Христо Узунов“- втора награда, а како трето наградени се Петар Блажески од ОУ „Григор Прличев“ и Ивана Петреска од ОУ „Христо Узунов“.

Од предметна настава, му беше доделена благодарница за учество на Ибраимоски Мухамед од ОУ „Братство и Единство“.

OhridNews