Интересни содржини и во рамки на вториот ден од манифестацијата „На зајдисонце“, што започна вчеравечер во Трпејца со настапот на ансамблот „Билјана“ и изложбата на уметникот Мајкл Глос.

За денес со почеток во 10 часот се предвидени Рибарските вистини- изложба на риболовен алат и натпревар во фаќање риба на јадица. Попладне, следува школата по пливање која ќе се одржува секојдневно до 28 јули со Соња Думбалоска  Делова, по што присутните гости во Трпејца ќе имаат можност и да ја посетат и школата по шах со Методија Анѓелкоски.


Вечерта, ќе биде заокружена со вечерна променада Со кајче по езерото, по што ќе следи и мини концерт кај Бунарот, со настап на ученици од ОМУ „Методи Патче“. 

OhridNews