Премиерот Груевски кој се наоѓа во работна посета на Њујорк,  присуствуваше на приемот организиран од страна на американскиот претседател Барак Обама.

Приемот беше можност за разговори на присутните шефови на држави и влади од над 150 држави кои што учествуваат на заседанието на Генералното собрание на ОН. За време на приемот премиерот Груевски разговараше со премиерот на Шведска Реинфелд, канцеларот на Австрија Фајман, турскиот премиер Ердоган, премиерот на Велика Британија Камерон, премиерот на Црна Гора Лукшиќ, албанскиот премиер Бериша, потоа претседателот на Чешка Клаус, претседателот на Хрватска Јосиповиќ, претседателот на Косово Јахјага, министерот за надворесни работи на Русија Лавров, како и со претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина Комшиќ, информираат од владиниот кабинет.

Посетата на премиерот Груевски на Њујорк вчера продолжи со средба со медијаторот Нимиц на која се разговарало за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за спорот за името кој што Грција го наметна за нашето уставно име.

Груевски зеде учество на настан организиран од страна на јапонската амбасада во ООН и имаше свое излагање на Форумот на балкански држави.

OhridNews