Националниот
празник 11 Октовмри,во Охрид ќе биде одбележан со бројни свечености, а
ќе бидат пуштени во употреба и повеќе нови објекти.
Делегации ќе
положат свежо цвеќе пред спомен бистите на првоборците Антон Дуков и
Спас Банџов во градскиот парк, на бистата на Петре-Пирузе-Мајски пред
Основниот Суд како и на Мите Богоески кај средното економското училиште.
Свежо цвеќе ќе биде положено и на Спомен паркот на револуцијата и
Градските гробишта.
По повод празникот, ќе се пуштат во употреба
кружниот тек на крстосницата кај булеварот „ Туристичка“ и улицата „
АСНОМ“, детското игралиште во населбата „ Гоце Делчев“, како и детското
игралиште и реконструираниот парк кај кружниот тек кај Општата болница.
Инаку, националниот празник со пригодни манифестации ќе биде одбележан во целата земја.