Културната манифестација „Прличеви беседи“ со која годинава ќе се одбележат 117 години од смртта на охридскиот поет Григор Прличев, традиционално, ќе биде проследена со бројни културни активности.

Чествувањата ќе започнат во петок на 5-ти февруари  во 10 часот со свеченост на учениците од ОУ „Григор Прличев“. Истиот ден во 12 часот, во Центарот за култура ќе се одржи врачувањето на повелбата и наградата  за најдобра поема за 2009-та, на писателот Михаил Ренџов. Во 14 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“, во рамки на „Прличева визита“ ќе бидат промовирани неколку творечки дела. Свечените содржини во рамки на првиот ден од празнувањето ќе завршат со ликовна изложба и свечена приредба на учениците од ОУ „Григор Прличев“.

Свеченостите посветени на гоемиот преродбеник ќе продолжат и во сабота на 6-ти февруари, со полагање на свежо цвеќе на споменикот и гробот на Григор Прличев и со „Прличева беседа“ во Спомен куќата на Прличев.

Ohridnews