Во рамки на кампањата „Македонија- земја на цвеќето,земја на розите“ , во текот на изминатите денови основците од ОУ „Кочо Рацин“ организираа низа работилници .
Учество зедоа учениците во прво одделение, под раководство на наставничката Виолета Петковска и нивните родители кои , по повод доаѓањето на пролетта , изработија голем број најразновидни цвеќиња од повеќе материјали, изразувајќи ја својата креативност и создавајќи предмети кои воодушевуваат со својата убавина .
OhridNews














