На 26- ти септември, во Центарот за култура „ Григор Прличев“ ќе се одржат годинешните „ Охридски староградски средби“ .

Ќе настапат:  Градско мандолинско друштво „ Свети Никола” од Свети Николе и Петар Нечовски како солист, Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, а учество ќе земат и гости од Домот на култура „Иван Мазов-Климе”-Кавадарци, Здружение на пензионери на Општина Штип и Карбинци, Октет-Прилеп, НУЦК  „Марко Цепенков”-Прилеп, групата „ Орнаменти”- Штип, Здружение на пензионери „Куманово”-Куманово, КУД „ Пере Тошев “- Прилеп, Група „ Сарај” –Охрид, Центар за култура – Неготино, Здружение „ Распеани Велешани“, Хорот при НУ Центар за култура  „ Григор Прличев”- Охрид.

Староградските средби ќе се одржат во големата сала од Центарот за култура со почеток во 20 часот. Претходно во 19 часот е предвидено дефиле на ансамблите низ старата чаршија и настап на две локации: градскиот плоштад и кај стариот чинар.

OhridNews