Младите музички таленти од основното музичко училиште „ Методи Патче“  продолжуваат да нижат успеси и надвор од нашата држава. Марија Џуклеска виолина, Александар Грунчески- виолина во класа на проф. Елица Џуклеска и Ивона Базгалоска- пијано во класа на проф. Даниел Чуркоски, постигнаа врвни успеси на 16- тиот Меѓународен натпревар  „ Euterpe“ во Италија.

Марија Џуклеска ја освои втората награда, Александар Грунчески прва награда и Ивона Базгалоска втора награда.

Младите музичари својот талент имаа можност да го презентираат и во Италија. Фестивалот „Охрид те сакам“, организира меѓународен натпревар на кој првата награда ја освои Даниел Мојсоски – виолина во класа на проф. Елица Џуклеска, на кого во соработка со фестивалот „Tempietto“ во Рим, во црквата San Nikolla in carcere му беше организиран концерт.

Успешни резултати постигна и Матеа Стоев под менторство на проф. Билјанка Зафировска која учествуваше на четвртиот меѓународен натпревар на млади пијанисти што се одржа во Гевгелија и освои прва награда. На меѓународниот натпревар  имаше над 100 учесници од земјава и странство , а во предкатегорија за учесници  родени во 2005 година и помлади, учество зедоа вкупно 32 учесници. Матеа доби покана и за учество на интернационален натпревар на млади пијанисти што ќе се одржи ова лето во Бугарија.

OhridNews