На големата верско- народна и туристичка манифестација „ Богојавление – Водици“ и „ Денот на рибарите “ учествуваа и бројни делегации на збратимени и пријателски  градови.

Во Охрид допатуваа  познатиот скулптор, сликар и хуманист Виченцо Бјанки од Италија , делегација  од Германија  , предводена од  бизнисменот Хелмут Дуда од Здружението за Охридско- Рурска соработка , делегација од Лесковац од Србија  предводена од  градоначалникот Горан Цветковиќ , делегација од Нови Сад од Србија , предводена од заменик- градоначалникот Борко Илиќ, делегација од Каен од Франција предводена од заменик градоначалничката Клаудине Магует, делегација на Винковци од Хрватска предводена од градоначалникот Младен Карлич, делегација од Братислава од Словачка  предводена од Фердинанд Габовиќ , како и десетина новинари и туристички работници од Србија .

Градоначаникот Александар Петрески и претставници на Советот на Општина Охрид предводени од претседателот Душко Јаковчески , со делегациите остварија повеќе официјални средби на кои беше разговарано за продлабочување на досегашната соработка .

Во рамки на посетата, гостите засадија  и дрвца во паркот на пријателството , ги разгледаа најважните културни сспоменици и ги следеа сите настани поврзани со празникот „ Богојавление – Водици„ и „ Денот на рибарите“ .

Како што изјавија гостите при заминувањето ,го напуштаат Охрид  со извонредни впечатоци и ветување дека повторно ќе дојдат да уживаат во  гостопримството и убавините на нашиот  град.

OhridNews