-Околу 300 до 400 пловни објекти, најмногу кајчиња и глисери со уредни регистрации пловат на Охридското Езеро, изјави капетанот Љупчо Настоски. Според него Охридското Езеро не е преоптоварено со сообраќај, но е потребно да се води сметка за негова заштита од еколошки аспект, на што не обврзуваат и европските закони.
Настоски најавува дека во текот на туристичкиот шпиц Капетанијата ќе врши засилена контрола на водниот сообраќај, посочувајќи дека веќе се поднесени неколку пријави против лица кои ги прекршиле правилата за пловидба.